• сабота, 23 ноември 2024

Имобиле сака да ја продолжи кариерата во Бешикташ

Имобиле сака да ја продолжи кариерата во Бешикташ

Рим, 9 јули 2024 (МИА) – Фудбалерот на Лацио, Чиро Имобиле сака да се пресели во Бешикташ, објави „Sky Sport Italia“.

Турскиот клуб на 34-годишниот фудбалер му понудил двегодишен договор со плата од шест милиони евра по сезона. Забележано е дека Имобиле веќе ја прифатил понудата на тимот од Истанбул.

Во исто време, Бешикташ не е подготвен да плати отштета за фудбалерот, па се обрати до претседателот на Лацио, Клаудио Лотито со барање да се сретне со него, со оглед на придонесот на Имобиле за успехот на римскиот клуб и да го раскине договорот кој е со важност до лето 2026 година.

Имобиле за Лацио игра од 2016 година. Заедно со тимот го освои Купот на Италија и два пати го освои Суперкупот на земјата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан