• четврток, 26 декември 2024

Имињата на добитниците на Пулицеровата награда ќе бидат објавени на 11 мај

Имињата на добитниците на Пулицеровата награда ќе бидат објавени на 11 мај
Њујорк, 4 мај 2020 (МИА) – В понеделник, 11 мај ќе бидат објавени добитниците на Пулицерова награда за новинарство и уметност откако настанот беше откажан поради пандемијата со новиот коронавирус. Првично церемонијата требаше да биде одржана на 20 април, но беше одложена, а членовите на одборот имаат повеќе време да одлучат за добитниците. Доделувањето на Пулицеровата награда традиционално се одржува во мај, но и таа ќе биде одложена, но се уште не е познат датумот. Пулицерова награда се смета за највисоко признание во областа на новинарство, литературата и музиката, а ја доделува Универзитетот Колумбија во Њујорк. Наградите се доделуваат секоја година во 21 категорија. Наградените добиваат парична награда, а победникот во категоријата за новинарство добива златен медал. Пулицеровата награда ја воспоставил унгарско-американски новинар и издавач Џозеф Пулицер, кој своето наследство го оставил на Универзитетот Колумбија по смртта во 1911 година. Дел од средствата биле искористени за да се формира Универзитетот  новинарство во 1912 година. Првите Пулицерови награди биле доделени на 4 јуни 1917 година. Некои од најпознатите добитници на наградата се Ернест Хемингвеј, Тенеси Вилијамс, Артур Милер, Јуџин Онил, Вилијам Фокнер, Џон Апдајк и други. ми/  

Остани поврзан