• четврток, 26 декември 2024

Именувани неколку нови директори на клиниките

Именувани неколку нови директори на клиниките

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) - Министерот за здравство Арбен Таравари во изминатите неколку дена именувал неколку нови в.д. медицински директори, соопшти Министерството за здравство.

-На Универзитетска клиника за дигестивна хирургија за директор е именуван проф. д-р Огнен Костовски, на Клиниката за пулмологија и алергологија за директор е именуван прим. д-р Оливер Зафировски, додека на Клиниката за детски болести за директор е именуван д-р Реџеп Мемеди, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека во Градска општа болница „8 Септември“ за директор е именуван проф. д-р Синиша Стојаноски. нд/са/

Фото: МИА

Остани поврзан