• сабота, 23 ноември 2024

Има 101 година и сѐ уште го работи она што ја прави среќна

Има 101 година и сѐ уште го работи она што ја прави среќна

Мејсон, 19 јули 2023 (МИА) - Џејн Барнс од САД има 101 година, па го споделува својот рецепт за долг и среќен работен век. Имено, таа четирипати неделно наутро се вози по 20 минути од нејзиниот дом во Синсинати до Мејсон, Охајо, за својата кратка смена во дуќанот каде што е вработена 26 години и тоа ѝ е еден од омилените начини да си го минува времето.

- Уживам во ова што го работам и сакам да продолжам со тоа. Ќе работам додека можам или додека ме сакаат овде, изјави Барнс за „Си-ен-би-си“.

Џејн првично работела како книговодителка, пред првите обиди за пензионирање во 70-тите. Но, по неколку месеци во пензија, таа повторно почнувала со работа, бидејќи ѝ „недостигал ручекот со колегите“, како што вели. Таа на 26 јули ќе наполни 101 година. Во текстилната работилница почнала да работи по смртта на нејзиниот сопруг Дик. Ќерка ѝ Дона тогаш работела со скратено работно време и ја препорачала мајка сѝ, за да ѝ биде корисно по смртта на сопругот.

- Запознавам и многу љубезни купувачи. Некои од нив се изненадени кога ме гледаат на маса како сечам текстил, додаде таа.

Џејн смета дека нема тајна за долг и среќен живот, но работата ѝ помогнала во тоа... Како што вели, важно е да се најдат добронамерни, љубезни и дружељубиви луѓе околу себе.

- Зафатеноста со работа Ве оттргнува од сосредоточеноста на болката. Тоа е она што го олеснува тоа, рече таа.

А, нејзиниот совет го потврдува и едно 85-годишно истражување на Универзитетот Харвард што посочува дека позитивните меѓучовечки односи се она што ги прави луѓето среќни во животот воопшто, а тоа важи и за односите на работа.  си/

Фото: Тикток.

@maggiehusvar

the long awaited Jayne content !

♬ original sound - Maggie

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан