• петок, 27 декември 2024

„Има помош за живот без насилство“, во организација на УНФПА, МТСП и Британската амбасада

„Има помош за живот без насилство“, во организација на УНФПА, МТСП и Британската амбасада

Скопје, 17 јули 2023 (МИА) - Канцеларијата на Фондот за население на Обединети нации – УНФПА во Скопје, Министерството за труд и социјална политика и Британската амбасада во Скопје денека го организираат настанот „Има помош за живот без насилство“.

Со овој настан, како што соопштија организаторите, се одбележува Светскиот ден на населението - 11 Јули и ќе бидат споделени достигнувањата од заедничката работа во областа на заштита и превенција од родово базирано и семејно насилство како дел од проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија“.

Како што е најавено, ќе се обратат сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, Џулија Смит - заменичка амбасадор на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија и Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА во Северна Македонија.

Потоа ќе има презентации на стратешки документи и анализи. мд/

Фото: Фонд за население на Обединети нации – УНФПА во Скопје

Остани поврзан