• среда, 18 декември 2024

Илјадници приврзаници на Имран Кан излегоа на улиците на Исламабад

Илјадници приврзаници на Имран Кан излегоа на улиците на Исламабад

Исламабад, 8 септември 2024 (МИА) – Неколку илјади приврзаници на поранешниот пакистански премиер Имран Кан, кој е во затвор, се собраа денеска во Исламабад и покрај блокадата на главните улици.

Демонстрантите ги отстранија блокадите што властите ги поставија на главните улици во центарот на Исламабад.

Партијата на Кан Техрик-е-Инсаф (ПТИ) организираше ваков масовен собир за прв пат откако е уапсен.

Кан и ПТИ тврдат дека сите случаи, вклучително и корупцијата, изведени пред судот против него се политички мотивирани.

Тој беше на власт од 2018 година, а во 2022 година беше заменет со гласање недоверба. Неговото апсење минатата година предизвика лавина протести на неговите приврзаници, што предизвика репресии од страна на државата.

Се верува дека тој ја изгубил довербата на војската, а ПТИ тврди дека кандидатите на партијата освоиле најмногу места на парламентарните избори во февруари, но на крајот не успеале да формираат влада која беше формирана од коалиција на други партии кои се сметаат за блиски до војската. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан