• недела, 06 октомври 2024

Илјадници луѓе во Техеран на комеморацијата за убиениот лидер на Хезболах

Илјадници луѓе во Техеран на комеморацијата за убиениот лидер на Хезболах

Техеран, 5 октомври 2024 (МИА) - Илјадници луѓе присуствуваа синоќа на молитвата и специјалната комеморација за убиениот лидер на Хезболах, Хасан Насрала, во иранската престолнина Техеран.

Насрала беше убиен во Бејрут во израелски воздушен напад минатата недела, што го налути Техеран, кој потоа, во вторникот, изврши ракетен напад врз Израел.

Во главниот град на Иран беше одржана церемонија во чест на Насрала, а врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи во својата молитва го пофали Насрала и го повика муслиманскиот свет „да го врзе појасот на одбраната“.сд/

фото:ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан