• сабота, 23 ноември 2024

Илјадници Иранци на погребот на командантот на Револуционерна гарда, убиен во израелски напад во Сирија

Илјадници Иранци на погребот на командантот на Револуционерна гарда, убиен во израелски напад во Сирија

Техеран, 28 декември 2023 (МИА) - Илјадници лица присуствуваа на погребот на командантот на Револуционерната гарда убиен во израелски напад во Сирија денеска во Техеран, објавија државните медиуми.

Бригадниот генерал Рази Мусави беше убиен во понеделникот во ракетен напад јужно од Дамаск..

Мусави беше командант на силите Кудс, елитната единица на Револуционерната гарда со посебен фокус на надворешните операции. 

Од утринава илјадници лица се собраа во центарот на Техеран, на плоштадот имам Хусеин, извикувајќи „смрт за Израел“ и „смрт за САД“.

Лидерот на иранската Револуционерна гарда, генерал Хосеин Салами, пред насобраните изјави дека Мусави беше „еден од најискусните и најефикасните команданти на гардата на фронтот на отпорот“.

За нападот во кој беше убиен Мусави, Израел соопшти дека „не коментира информации од странски медиуми“.

Дамаск апелираше до Обединетите нации да дејствуваат против „агресивните израелски акции што најверојатно ќе го запалат регионот“, пренесе сириската агенција Сана. сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан