• четврток, 26 декември 2024

Илјадници доцнења и откажувања летови во Велика Британија поради технички проблем во системот за контрола не летање

Илјадници доцнења и откажувања летови во Велика Британија поради технички проблем во системот за контрола не летање

Лондон, 29 август 2023 (МИА) - Илјадници патници во Велика Британија се соочуваат со долги одложувања и откажувања на летови, откако во системот за контрола на летање беше пријавен „технички проблем“.

Луѓето се блокирани во Велика Британија и во странство откако Националната управа за воздушен транспорт го ограничи бројот на слетувања на авиони, јавува Би-би-си. 

Авиокомпаниите и аеродромите предупредуваат дека сè уште има „значителни доцнења“, и покрај тоа што проблемот е решен за само неколку часа. 

Има извештаи дека некои нарушувања на распоредот може да траат со денови. 

Давателот на услуги за контрола на воздушниот сообраќај во Велика Британија-НАТС, вчера ја потврди „техничката грешка“, пред да објави дека го идентификувал и поправил проблемот, додавајќи дека „ќе биде потребно извесно време летовите да се вратат во нормала“. 

Компанијата за воздухопловна аналитика- Цириум, вчера соопшти дека 3.049 летови требало да полетаат од аеродромите во Велика Британија и 3.054 авиони да слетаат. Според нивните податоци, откажани се 232 лета што полетуваат, што е осум отсто од сите полетувања и 271 пристигнување, што е девет отсто од дојдовните летови, јави Би-би-си.  сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан