• вторник, 24 декември 2024

Илјадници германски работници стапија во штрајк барајќи зголемување на платите за седум отсто

Илјадници германски работници стапија во штрајк барајќи зголемување на платите за седум отсто

Берлин, 29 октомври 2024 (МИА) – Илјадници германски работници вработени во електротехничката и металуршката индустрија денеска почнаа низа штрајкови ширум земјата, барајќи зголемување на платите за седум отсто.

Штрајковите ги погодија Порше, Мерцедес и БМВ, додека Фолксваген се соочува со можност за затворање на три фабрики во Германија, како и можност за масовни отпуштања и намалување на платите за 10 отсто за работниците кои ќе ги задржат своите работни места.

Штрајковите ги организираше синдикатот ИГ Метал. јт/

Фото: ДПА

 

Остани поврзан