• четврток, 26 декември 2024

Илјадници Британци се поклонија пред ковчегот на кралицата Елизабета

Илјадници Британци се поклонија пред ковчегот на кралицата Елизабета
Лондон, 15 септември 2022 (МИА) - Голем број Британци од синоќа од синоќа се поклонија пред ковчегот на кралицата Елизабета, што е изложен во Парламентот. По неколкудневни церемонијални обреди, телото на кралицата беше пренесено од шкотскиот замок Балморал во Лондон, каде се опростуваат граѓаните. Се претпоставува дека до 19 септември 750.000 луѓе ќе се поклонат пред ковчегот. Редот граѓани кои чекаат да се опростат од кралицата се  протега на неколку километри по јужниот брег на реката Темза. На погребот на кралицата Елизабета Втора ќе присуствуваат голем број светски лидери, меѓу кои кралеви, претседатели и премиери, но не и претставници на Русија, Сирија и Авганистан, земји кои не беа поканети. ми/

Остани поврзан