• среда, 25 декември 2024

Илјадници борци од ирански фракции се подготвени да му се придружат на Хезболах во борбата против Израел

Илјадници борци од ирански фракции се подготвени да му се придружат на Хезболах во борбата против Израел

Бејрут, 23 јуни 2024 (МИА) - Во случај на поширок конфликт, илјадници борци од иранските милитантни фракции се подготвени да дојдат во Либан за да ѝ се придружат на милитантната група Хезболах во борбата против Израел, тврдат претставници на ирански фракции и аналитичари.

Од избувнувањето на конфликтот во Појасот Газа меѓу палестинската милитантна група Хамас и Израел, речиси секојдневно се разменува оган долж либанската граница со северен Израел меѓу силите на проиранската милитантна група Хезболах и израелските одбранбени сили (ИДФ), пренесува Ал Џезира.

Ситуацијата во северниот дел на Израел се влоши овој месец откако во израелски воздушен напад загина висок воен командант на Хезболах во јужен Либан. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан