• четврток, 26 декември 2024

Илјада мигранти викендов го преминаа Каналот Ла Манш, спасени уште неколку стотици

Илјада мигранти викендов го преминаа Каналот Ла Манш, спасени уште неколку стотици

Париз, 13 ноември 2022 (МИА) - По неколку недели во кои условите повеќе не дозволуваа преминување на Ла Манш, овој викенд имаше голем број обиди за премин, при што мигрантите кои се обидуваа да заминат во Англија ги преземаа шверцери, јави дописникот на МИА од Париз.

Поморската префектура на Каналот Ла Манш и Северното Море објави дека извршила неколку спасувачки операции во петокот и во саботата за да им помогне на три чамци кои тонат, со вкупно 142 спасени лица.

Спорд британските власти 972 лица успеале да преминат од другата страна на Каналот.

Овие спасувачки операции беа спроведени со глисер од националната компанија за спасување на море, потпомогнат од белгиските служби за  помош од брод на француската морнарица и од француски царински патролни чамциМигрантите беа придружувани до пристаништата во Данкерк и Кале каде за нив се грижеше граничната полиција и службите за итни случаи.

Од своја страна, градоначалничката на Кале, Наташа Бушар изјави за БФМТВ дека „од почетокот на саботата вечер, направени се 14 обиди за преминување на околу 500 мигранти бегалци, Сиријци, Курди или Авганистанци, кои имаат повеќе средства да платат за премините“. Таа рече дека била сведок на спасување на брод со 50 луѓе, потоа згрижен во хуманитарна станица на плажата.

„Мигрантите потоа се згрижени од државните служби во Данкерк или Кале, но многу често тие ја одбиваат помошта што им е дадена. Во овие чамци, шверцерите или тие што ги преминуваат препорачуваат да не ја следат хуманитарната помош што им се нуди“, рече Бушар, додавајќи дека мигрантите што биле спасени пред нејзе останале само четири минути во хуманитарната станица, пред шверцерите повторно да ги качат и пак да се обидат да преминат следната ноќ.

Во саботата наутро дошло до судири кога полицијата се обидела да ги спречи премините кај Гравелин. Граничната полиција и националната полиција во Данкерк интервенираа за да го одбијат обидот за преминување во правец на Обединетото Кралство, а за возврат претрпеа „фрлања на камења“, според МВР, кое сепак ја поздравува „успешната операција“.

„Тоа беше нормална операција за борба против имиграцијата“, наведува префектурата на Северот и додава дека меѓу десетиците присутни полицајци, некои „се соочиле со насилен отпор“ од страна на имигрантите. Според првите информации, нема повреден полицаец, а полицијата не привела никого.

Од британска страна, се проценува дека бројот на мигранти кои го извршиле опасниот премин ја надминал границата од 40.000 во неделата, што е рекорд, според Министерството за одбрана.

Само овој викенд, 972 луѓе го преминаа Ла Манш со 22 мали чамци во саботата, со што вкупниот број од почетокот на годината достигна 40.885. Во текот на цела 2021 година биле забележани 28.526 премини.

Овие растечки бројки вршат притисок врз британската влада бидејќи ториевците го направија справувањето со имиграцијата главен приоритет по Брегзит, а системот за азил е повеќе преоптоварен од кога било.

Обединетото Кралство е подготвено да плати дополнителни 80 милиони фунти (91 милион евра) на Франција за полициско засилување на француските плажи, додека британските агенти би имале пристап до француските контролни центри. Во Обединетото Кралство, неодамнешните откритија за пренатрупаните прифатни центри предизвикаа контроверзии во земјата каде што населението и понатаму главно се залага за прием на мигрантите.

Министерката за внатрешни работи Суела Браверман, екстремно десно ориентирана, изненади нарекувајќи го приливот на мигранти кои пристигнуваат во Обединетото Кралство „инвазија“, што ОН го оценија како „ужасно“. тг/паг/

Остани поврзан