• четврток, 26 декември 2024

Илче Петровски од Ресен го фати крстот во Преспанското Езеро

Илче Петровски од Ресен го фати крстот во Преспанското Езеро
Ресен, 19 јануари 2022 (МИА) – Триесет и девет годишниот Илче Петровски од Ресен го извади светиот крст од водите на Преспаснкото Езеро, што денеска беше спуштен во туристичката населба Отешево. Петровски, кој два – три пати досега скокал по крстот, денеска на иницијатива на другарите не планирано влегол во ладните езерски води и бил најсреќниот меѓу многу бројните верници. - Ова е неописливо чуство. Нешто прекрасно што може да му се случи на секој верник. Не планирав, сабајле ме зедоа другарите и во последен момент одлучив да скокам по светиот крст, изјави Петровски. На сите граѓани им посака здравје, среќа и бериќет, со надеж дека годинава ќе се вработи.сс/фф/

Остани поврзан