• недела, 24 ноември 2024

Илхан Ќучук ќе добие титула почесен доктор од АУЕ-ФОН

Илхан Ќучук ќе добие титула почесен доктор од АУЕ-ФОН
Скопје, 9 септември 2022 (МИА) - Конференција „МКБГ2030: Младите и образованието како клуч за посилно евроатлантско сојузништво“ ќе се одржи денеска на Американскиот универзитет на Европа – ФОН. За придонесот на европеизација и креирање на добри политики и добрососедство, АУЕ-ФОН ќе му ја додели титулата почесен доктор (Doctor Honoris Causa) на Илхан Ќучук, лидер на Либералите и европратеник и известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија. Наградата на Ќучук ќе му ја додели проф. д-р Насер Етеми, претседател на Сенатот. Како што е најавено, настанот ќе го отвори претседателот на АУЕ-ФОН Сефер Цаноски, а ќе се обратат и ректорката на Универзитетот проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска и ректорот на ВЗУФ Универзитет од Софија, Бугарија проф. д-р Борис Велчев.Во рамки на панелот „За посилно евроатлантско сојузништво“ говорници ќе бидат почесниот претседателот на Атлантскиот клуб во Бугарија Соломон Паси, претседателот на Евроатлантски совет на Македонија Исмет Рамадани, универзитетскиот професор и бугарскиот пратеник од ДПС Четин Казак, пратеничката во Врховната Рада Кира Рудик, пратеничката и поранешна студентка на АУЕ-ФОН Моника Зајкова, професорот на АУЕ-ФОН Нано Ружин, а модератор ќе биде Емил Кирјас.На конференцијата ќе бидат промовирани двојни програми на АУЕ-ФОН од Германија, Франција, Израел и Бугарија.
Делегацијата од Бугарија, предводена од Ќучук синоќа присуствуваше на прославата за Денот на независноста на Република Северна Македонија, 8 Септември во Скопје.
Како што претходно напиша во својата честитка, тој силно верува во успехот на Северна Македонија и смета  дека единството и добрососедските односи се клучот за заедничка иднина во Европа.
Тој заедно со пратениците од ЛДП Моника Зајкова и Боби Мојсоски прошетаа низ Центарот на градот и заедно пристигнаа на прославата во паркот Ибни Пајко, каде ги пречека премиерот Димитар Ковачевски. мд/нд/

Остани поврзан