• сабота, 16 ноември 2024

Илхам Алиев: Населувањето на главниот град Нагорно-Карабах ќе почне во септември

Илхам Алиев: Населувањето на главниот град Нагорно-Карабах ќе почне во септември

Баку, 29 мај 2024 (МИА) – Во септември Азербејџанците ќе почнат да се населуваат во Ханкенди (Степанакрет), главниот град на регионот Нагорно-Карабах, изјави денеска претседателот на Азербејџан Илхам Алиев.

Околу 100.000 од мнозинското ерменско население побегнаа од Ханкенди откако азербејџанските сили ја презедоа контролата врз регионот минатата година.

Алиев населувањето го најави за време на средбата со жителите на Хоџаји, а азербејџанските медиуми јавија дека тој рекол оти во Ханкенда прво ќе се преселат учениците, студентите и нивните наставници. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан