• среда, 25 декември 2024

Илир Мета му ја честита двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ во која бил убеден

Илир Мета му ја честита двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ во која бил убеден

Дебар, 9 мај 2024 (МИА) - Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета го поздрави изборниот резултат во Северна Македонија, наведувајќи дека „отсекогаш бил симпатизер на ВМРО ДПМНЕ“.

-Честитки Мицкоски. Се знаеше дека ВМРО ќе победи! Но, не толку убедливо! Се знаеше дека и ВЛЕН вредеше! Ама дека вредело толку?! Дека „Интернационалата“ на родител 1 и родител 2(СДСМ/ДУИ) ќе изгуби и тоа се знаеше! Но, во овие димензии?! Благодарност до поранешниот градоначалник на Тирана (се мисли на Еди Рама). Без вашиот придонес, овој фантастичен резултат би било тешко да се постигне, напиша Мета на објава на Фејсбук.

Според него, со Владата што ќе ја предводи Христијан Мицковски, земјата ќе биде втора во Европа по бизнис климата и привлекувањето странски инвестиции.

-Со вас, Северна Македонија нема да биде петта во Европа по бизнис клима и привлекување странски инвестиции, туку втора во Европа, оценува Мета во честитката по победа на вчерашните двојни избори.

Тој реагираше и по првиот изборен круг за претседател наведувајќи дека е „воодушевен од изборниот резултат на ВМРО ДПМНЕ“ со порака дека „победата на професорката Гордана Силјановска-Давкова, ќе биде уште поубедлива во вториот круг на 8 мај“. 

Мета, кој шеф на државата беше од 2017 до 2022 година во реакцијата на 14 април изрази директна поддршка за ВМРО ДПМНЕ и убеденост во победата на партијата на изборите. вт/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан