• четврток, 26 декември 2024

Илиеска: Кукавички чин, имам одредени сомнежи, но не се потврдени

Илиеска: Кукавички чин, имам одредени сомнежи, но не се потврдени

Прилеп, 22 февруари 2024 (МИА) - Станува збор за кукавички чин. Има вознемиреност, но не се чувствувам загрозено, изјави Маријана Илиеска, обвинител во основното јавно обвинителство во Прилеп, чиј приватен автомобил вчера беше опожарен. Според првичните сознанија, засега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета.

Илиеска вели дека постојат одредени сомнежи, но не може да зборува додека не се потврдат.

-Ова е кукавички чин. Нормална е вознемиреноста. Не с ечувствувам загрозено ниту пак ќе запрам со мојата работа. Продолжувамс о работатата како основен јавен обвинител. Имам одредени сомнежи, но не може да зборувам за тоа. Не, пред да се докаже или со факти да се потврди кој стои зад сето тоа, вели Илиеска.

Досега немала лични закани, но постоеле одредени притисоци во работењето.

Веднаш по настанот е извршен увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело, соопштува јавното обвинителство.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Здружението на јавни обвинители силно го осудуваат ваквиот напад и обид за заплашување на раководител на основно јавно обвинителство со проширена надлежност. ем/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан