• вторник, 12 ноември 2024

Илиевски: Кумановци заслужуваат подобри услови за живот

Илиевски: Кумановци заслужуваат подобри услови за живот
Куманово, 25 октомври 2021 (МИА) - Оливер Илиевски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово вечерва оствари средби со жителите од Бедиње, Режановце и месна заедница 11 Ноември. На средбите Илиевски истакна дека програмата којашто ја нуди СДСМ е најдобрата затоа што е креирана од самите граѓани и секоја населба и населено место имаат своја таргетирана микро програма која ги опфаќа сите проблеми на граѓаните од тој дел.  -Во Бедиње се обврзуваме на замена на водоводната и канализационата мрежа, реконструкција на улицата и изградба на тротоар. Во месна заедница 11 ноември ќе ги реконструираме улиците, со нови тротоар и поставено улично осветлување. Во Режановце, како градоначалник се обврзувам на доградба на канализационата мрежа, доасфалтирање на сите улици, решавање на правниот проблем со училиштето таму како и негово целосно реконструирање, изградба на мултифункционално игралиште, детско катче и уредување на центарот на селото со изградба на мини парк и летниковци. Жителите на Куманово заслужуваат подобри услови за живот, а не да бидат условувани од режимот, подвлече Илиевски.ам/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан