• вторник, 12 ноември 2024

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги предложи кандидатите за техничката влада, Панче Тошковски во МВР, Ѓоко Велковски во МТСП

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги предложи кандидатите за техничката влада, Панче Тошковски во МВР, Ѓоко Велковски во МТСП

Скопје, 24 јануари 2024 (МИА) – ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница на Извршниот комитет ги утврди кандидатите за министри и дополнителни заменици министри. 

-Во насока на обезбедување кредибилен процес, ВМРО-ДПМНЕ одлучи да учествува во техничката влада. Во рамки на ставот кој што досега го имавме ќе предложиме технички минстри, изјави Тимчо Муцунски потпретседател на партијата по седницата на ИК.

Потврди дека во преодната влада, Панче Тошковски ќе биде технички министер за внатрешни работи, а Ѓоко Велковски за труд и социјална политика, додека за дополнителен заменик– министер за финансиии е предложена Елена Петрова, за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. 

-Ова се петте кадровски решенија со кои ВМРО-ДПМННЕ ќе го даде својот максимум за одржување на фер и демократски избори, што практично е и причината за формирање на техничката влада. Причината поради која ВМРО-ДПММНЕ одлучи да учествува во техничката влада е затоа што во Македонија никогаш не било полошо. Македонија се наоѓа во тешка ситуација заглавена во криминал и корупција. СДС и ДУИ, Ковачевски и Ахмети, за многу бргу од денес ќе бидат политичко минато. Важно е да ги поразиме, за да имаме иднина за Македонија, каква што посакуваме, рече Муцунски.   

На новинарско прашање како ќе гласаат,  го повтори партискиот став дека нема да гласаат за техничка влада предложена од лице од ДУИ.

-Ние ќе ги дадеме нашите предлози, но поддршка од нашите пратеници за таа влада нема да ја има, наведе Муцунски.

Предлозите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за министри и дополнителни заменици министри во техничката влада претходно вечерва ги соопшти претседателот на партијата Христијан Мицкоски, во телевизиско гостување. вг/лв/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан