• четврток, 26 декември 2024

Иконому: Мицотакис на Самитот на ЕУ ќе повтори дека Европа мора да испрати јасна и обединета порака до енергетските пазари

Иконому: Мицотакис на Самитот на ЕУ ќе повтори дека Европа мора да испрати јасна и обединета порака до енергетските пазари
Атина, 20 октомври 2022 (МИА) – Премиерот ќе повтори дека Европа мора да испрати јасна и обединета порака до енергетските пазари дека ќе ги заштити граѓаните и бизнисите од екстремните флуктуации на цените и дека ќе дејствува решително, имајќи во својот арсенал еден механизам кој ќе ги одреди максималните цени на природниот гас, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на учеството на Кирјакос Мицотакис на Самитот на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. Додаде дека се чини дека со самото тоа што дискусијата напредува и во изминатиот период е на маса, „веќе влијаеше на цената на природниот гас, која значително падна“. Објасни дека главната тема на Самитот на кој денеска и утре ќе учествува грчкиот премиер е енергетската криза, односно „трите правци во кои се движи ЕУ: намалување на побарувачката, обезбедување на снабдувањето, но и задржување на цените“. -Важен е фактот што два дена пред почетокот на Самитот, претседателката на Европската комисија достави сеопфатен пакет предлози, за чие формирање нашата земја значително придонесе од март минатата година. Предлозите поднесени од Кирјакос Мицотакис се усвоени во предлогот на претседателот на Европската комисија. Овие предлози се однесуваат на механизмот за корекција на цените во ТТФ и ограничувањето на нестабилноста на пазарите на енергетски деривати, рече Иконому и додаде дека постои и пакет предлози за заедничко снабдување со природен гас. Одговарајќи на новинарско прашање за односите со Турција и можноста за одново да започнат разговорите со Анкара, портпаролот грчката Влада рече дека тие секогаш сакаат дијалог и отворени канали на комуникација, но не отстапуваат од прашањата поврзани со суверенитетот и суверените права, како и од меѓународното право. ср/сд/

Остани поврзан