• четврток, 26 декември 2024

Иконому: Грција ќе се стреми да биде изземена од предлогот на ЕК за намалување за 15 отсто на потрошувачката на природен гас

Иконому: Грција ќе се стреми да биде изземена од предлогот на ЕК за намалување за 15 отсто на потрошувачката на природен гас
Атина, 25 јули 2022 (МИА) – Ставот на Грција дека не се согласува со предлогот на Европската комисија за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто, уште еднаш го повтори портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите и додаде дека земјата ќе се стреми да биде изземена од евентуалната одлука, доколку таа се базира на потрошувачката во изминатите пет години, јави дописничката на МИА од Атина. Во пресрет на утрешниот состанок на министрите за енергетика на земјите членки на Европската Унија, Иконому објасни дека онака како што е формулиран предлогот на ЕК и ја зема предвид просечната потрошувачка во последните пет години, „е предлог што не може да биде прифатен од Грција“. -Бидејќи, во суштина, за нашата земја, ова значи намалување за повеќе од 15 отсто. Значи намалување од 24 проценти. Утре Грција ќе се стреми кон промена на овој предлог. Ќе се стреми нашата земја да биде изземена од ова намалување. Она за што ние би разговарале, би било основата за споредба да е минатата година, а не просекот од последните пет години. Сметаме дека предлогот на Европската комисија, онака како што првично беше формулиран, е предлог што не може да биде прифатен од нашата земја од причините што ви ги кажав. Грција утре ќе се стреми да биде изземена од ова, објасни Иконому. ср/сд/

Остани поврзан