• понеделник, 23 декември 2024

Икона од Мајката Божја „Достојно ест“ и во манастирот Пречиста, кај Кичево

Икона од Мајката Божја „Достојно ест“ и во манастирот Пречиста, кај Кичево

Дебар, 26 август 2024 (МИА) - Во пресрет на големиот празник Успение на Пресвета Богородица, игуменот на Бигорски манастир,  епископ Антаниски г. Партениј, ја посети Обителта на манастирот Пречиста кај Кичево.

Нашиот почитуван Старец, вели сестра Ефимија, со длабока благодарност и со синовска љубов му ја подари на ова големо Светилиште својата омилена икона од Мајката Божја. 

Оваа семејна светиња, претстава на Пресветата Богородица „Достојно ест“,  до неодамна се наоѓала во домот на семејството Фидановски во Битола а  во иднина ќе го краси Пречистанскиот храм.

- Скапоцената икона, украсена со рачно резбана позлатена рамка и со сребрена кошула, владиката г. Партениј, во знак на благодарност кон Мајката Божја, му ја подарува на Манастирот Пречиста, со надеж и молитви нејзината мајчинска закрила да продолжи да ги пази сестрите монахињи и да ги патеводи кон светлината Христова, рече сестра Ефимија.

Потсетува дека бигорската Обител е почестена во својот католикон, деценија и пол, да го има благословот на овој познат и омилен образ на Пресветата Мајка Божја. 

Иконата "Достојно ест" во манастирот пристигна набрзо после пожарот од 2009 година, како "една силна мајчинска утеха за нашите повредени срца".

-Пресвета Богородица, Мајката Божја, вечниот пример на чистота, на кроткост и на бесконечна љубов, која, преку своето „да“ за Божјиот Домострој го отвори патот за спасение на светот.  Како Мајка на Црквата, нејзината љубов се простира врз сите и нејзиното посредништво останува наш постојан пристап до Спасителот Христос, нагласува сестра Ефимија. вт/сст/


Фото: Бигорски манастир

Остани поврзан