• среда, 27 ноември 2024

Изјава на техничкиот премиер Талат Џафери

Изјава на техничкиот премиер Талат Џафери

Гостивар, 24 април 2024 (МИА) - Техничкиот премиер Талат Џафери, оценува дека овие избори се од особено значење особено, бидејќи се избира власт која ќе даде правец во кој земјава ќе оди по изборите.

Тој во родното село Форино го исполни своето гласачко право и порача дека денеска граѓаните го користат своето уставно и законско право за слободно изразување на својата волја, низ процес на гласање.

- Секако сметам дека учесниците во изборниот процес, и во кампањата предизборна, успеале да допрат до волјата на граѓаните да ги убедат по однос на определбите на секој од нив, програмските определби за пристап кон гласањето, изјави тој.

Според Џафери, од почетокот на денот, првите информации што ги добил е дека изборите течат нормално без никаков проблем.

- На сите избирачки места отпочна процесот на време и тече онака како што е предвидено и со закон, и како што би требало да биде. Тоа е апел да продолжи во текот на денот во ваквиот ритам, мирно без никакви проблеми, без никакви влијанија, да можат граѓаните да ја изразат својата волја, рече Џафери.

Оцени дека овие избори се од особено значење. 

- Значењето на овие избори е особено и поради фактот што ова не се избори со коишто ќе се добие нова власт или кој ќе биде носителот на власта, туку е битно од контекстот во кој правец земјава ќе оди после изборите. Во крајна инстанца тоа е слобода на волја, ние сите сме должни тоа да го обезбедиме за граѓаните, и јас сум убеден дека тоа така ќе биде до крајот на денот, рече Џафери. згм/цр/

Фото: МИА

Остани поврзан