• четврток, 26 декември 2024

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски

Скопје, 24 април 2024 (МИА) - Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа, рече денеска кандидатот за претседател на државата на коалицијата „Храбро за Македонија“ и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. 

- Многу сум среќен што денеска гласаме за наш претседател, ниту за српски, ниту за бугарски, ниту за грчки претседател. Вечна слава нека им е на асномците коишто ги удрија темелите на современата македонска држава и го остварија вековниот идеал на македонскиот народ, нагласи тој. 

Точно е дека оваа држава не е совршена, додаде тој, но, подвлече, сите сме одговорни за тоа каква држава имаме, и „ние што бираме и тие што се бирани на функциите“.

Јакимовски упати апел, да се излезе на гласање. 

- Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа. И втората замолница е да се излезе да се гласа „за“, а не „против“, апелираше Јакимовски. 

Притоа, подвлече дека секогаш кога гласаме „против“ некого, секогаш „правиме грешки и тие грешки повторно се на штета на државата“.

- Затоа излезете и дајте го гласот за оној којшто мислите дека ќе биде најдобар претседател, дека ќе биде најдобар врховен командант на вооружените сили на Република Македонија, рече Јакимовски. бд/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан