• вторник, 12 ноември 2024

Изјава на претседателскиот кандидат Максим Димитриевски

Изјава на претседателскиот кандидат Максим Димитриевски

Куманово, 24 април 2024 (МИА) - Кандидатот за претседател од Движењето ЗНАМ– За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска гласаше и на граѓаните им посака успешни избори и да победи демократијата во Македонија. 

- Народот да се одважи, да излезе, што помасовно и да ја даде поддршката на тој за кој смета дека ја заслужува. А секако јас како кандидат ќе ја почитувам народната волја, на сите граѓани на Макеоднија. Нека денешниот ден биде празник на демократијата во Македонија и на Балканот, изјави Димитриевски.

Според него, гласањето се одвива непречено со одредени технички проблеми на некои поединечни гласачки места.

- Со оглед дека водевме нерамномерна кампања, особено во делот на медиумскоското спонзорирање каде што најголем дел од средствата ги имаат самонаречените големи партии, мислам дека граѓаните тоа го препознаваат и на крајот ќе излезе ставот што тие ќе го кажат. Очекувам така да продолжи и во текот на денот, но кога ќе се пребројат гласовите тогаш ќе биде се јасно, рече Димитриевски.

Одговарајќи на новинарски прашања дека од СВР Куманово информирале дека има организирани групи што ги носат граѓаните до гласачките места, тој рече дека нема информација.

-Досегашната пракса покажува дека токму припадниците коишто партиски припаѓаат на едниот, другиот или третиот блок, се токму тие кои го злоупотребуваат МВР во партиско-политички цели. Дали постои вакво нешто, навистина не знам. Впрочем ако Куманово е Македонија, тогаш мислам дека треба да се обрати внимание на целата држава. Кој каков притисок и да прави не може да ја смени волјата на граѓаните. Таа е јасна на крајот на денот граѓаните гласааат зад параванот сами по сопствено убедување. Факт е дека досегашната праска покажува многу злоуптреби на изборниот процес особено поткуп, средства за присила. Имам информација дека и од големите политики блокови се имаат јавувано на луѓе кои дале писмена поддршка за мене со потпис, име и презиме, се чудам од каде дошле до податоците. Со тие податоци единствено располага СВР во матична книга на евидененција, според матичниот број. Но, тоа не е првпат така беше и за локални избори и повторно не успееа да сменат ништо, изјави Димитриевски. ам/цр/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан