• среда, 27 ноември 2024

Изјава на претседателот на Собранието Јован Митрески

Изјава на претседателот на Собранието Јован Митрески

Струга, 8 мај 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Јован Митрески и носител на листата во Изборната единица 5 ги повика сите граѓани да го искористат своето демократско право на глас на денешните парламентарни и претседателски избори.

По остварувањето на своето граѓанско право на глас во избирачкото место 1861 во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, тој нагласи дека денес е еден од поважните денови во државата.

- Очекувам успешен изборен процес, според сите демократски правила како што личи на една демократска земја што има аспирации да стане членка на Европската унија. Истовремено, сакам да кажам дека правото на глас е врвно демократско право и ги повикувам сите граѓани да го искористат ова право и за парламентарните и за претседателските избори, изјави Митрески по гласањето. сс/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан