Изјава на Петар Георгиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје
- Ми беше чест што бев дел од оваа кампања и среќен сум што конечно граѓаните имаат шанса за поголем избор, истакна денеска независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Петар Георгиевски- К
Скопје, 17 октомври 2021 (МИА) – Ми беше чест што бев дел од оваа кампања и среќен сум што конечно граѓаните имаат шанса за поголем избор, истакна денеска независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Петар Георгиевски- Камиказа, откако во Пионерскиот дом во општина Карпош го искористи правото на глас.
-Еве точно во дванаесет часот го искористив своето гласачко право, ги повикувам сите граѓани во што поголем број да излезат и да го направат истото и да гласаат за најдобриот, изјави Георгиевски, кој настапува со поддршка на Левица.
Тој додаде дека очекува сигурна победа, односно сигурен влез во вториот круг. свс/лв/