• среда, 25 декември 2024

Изјава на кандидатот за градоначалник на СДСМ за Пробиштип, Драган Анастасов

Изјава на кандидатот за градоначалник на СДСМ за Пробиштип, Драган Анастасов
Штип, 31 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Пробиштип, Драган Анастасов гласаше на своето избирачко место. Тој ги повика граѓаните да излезат на гласање и да го искористат своето право на глас. - Она што е многу важно за мене како кандидат или како актуелен градоначалник за Пробиштип е тоа што целиот овој изборен процес поминува во една фер и демокртаска атмосфера. Пробиштип докажа дека неколку изборни циклуси наназад навистина имаме една атмосфера. Во разговорите со граѓаните водевме исклучително позитивна кампања, вели Анастасов. Посочи дека во текот на капмањата најмногу се осврнал и ги презентирал проектите за граѓаните и општината. Посакува и денешниот ден да е позитивен и да помине мирно. - На крај само Пробиштипјани ќе ја потврдат победата, којашто ја имавме во првиот изборен круг, вели Анастасов. вдј/цр/

Остани поврзан