• петок, 26 јули 2024

Изумрени риби во долниот тек на река Брегалница во Делчевско

Изумрени риби во долниот тек на река Брегалница во Делчевско

Делчево, 8 јули 2024 (МИА) - Изумрени риби попладнево се забележани во долниот тек на река Брегалница во Делчевско. За појавата алармираа сточари кои вршат испаша на домашни животни во атарот на селата Драмче и Бигла во близина на реката Брегалница.

Самостојниот општински инспектор Љупчо Симоновски, во изјава за МИА, посочи дека се работи за рибокрадство.

-Логично ваквата појава е од рибокрадци кои фрлаат динамит, кај Биглата нема од што друго да биде, истакна Симоновски.

Спортското риболовно друштво и здруженија на граѓани за утре најавија прес - конференција, на која ќе побараат одговорност за случајот. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан