• вторник, 24 декември 2024

Изречени 76 санкции од СВР Тетово за брзо возење

Изречени 76 санкции од СВР Тетово за брзо возење
Скопје, 13 август 2021 (МИА) - Санкционирани се 76 возачи за брзо возење во денешната акциска контрола на СВР Тетово спроведена од 15 до 20 часот. - Од нив, 19 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а шест со дури над 70 километри на час над дозволеното. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Притоа, на територијата на ОВР Гостивар се преземени 20 мерки, а на територијата на Тетово 56 мерки. За возење со брзина поголема од дозволената во населено место санкционирани се 48 возачи, а надвор од населено место 28 возачи, соопштија од МВР. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. оџ/бак/  

Остани поврзан