• среда, 27 ноември 2024

Изречени 362 санкции за брзо возење

Изречени 362 санкции за брзо возење

Скопје, 25 Септември 2023 (МИА) -  Во акциска контрола  на територија на државава, санкционирани се 362 возача кои возеле побрзо од дозволеното.

Како што соопшти денеска МВР, од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 209 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 153 надвор од населено место.

Од МВР укажуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. љм/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан