• четврток, 26 декември 2024

Изречени 320 санкции за брзо возење

Изречени 320 санкции за брзо возење

Скопје, 7 април 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 320 возачи.

Како што информираат од МВР, од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 100 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 220 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР, и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта. дма/цр/
 
Фото:МИА архива

Тагови

Остани поврзан