• четврток, 26 декември 2024

Изречени 254 санкции за брзо возење

Изречени 254 санкции за брзо возење
Скопје, 18 февруари 2022 (МИА) -  Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 254 возачи.
Како што соопшти МВР, од нив 10 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила и со повеќе од над 70 километри на час. Притоа, 150 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта. вг/са/

Остани поврзан