• сабота, 23 ноември 2024

Изречени 213 санкции за брзо возење

Изречени 213 санкции за брзо возење

Скопје, 3 ноември 2023 (МИА) -   Во сообраќајна контрола вчера на територија на државата казнети се 213 возач за возење со брзина поголема од дозволената.

Како што информира денеска МВР, од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 113 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 100 надвор од населено место.

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. дма/са/

Фото:МИА Архива

Остани поврзан