• петок, 27 декември 2024

Изречени 18 санкции за непрописно вградени фолии

Изречени 18 санкции за непрописно вградени фолии
Скопје, 14 март 2022 (МИА) - Во периодот од 07 до 13 март во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, санкционирани се 18 учесници во сообраќајот. Во денешното соопштение од МВР се посочува дека на сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/сп/

Остани поврзан