• среда, 25 декември 2024

Изречени 158 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Изречени 158 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Скопје, 16 август 2023 (МИА) - Во сообраќајна контрола на полицијата вчера во периодот од 08.00 до 12.00 часот на територијата на државата биле казнети 158 пешаци.

Како што информира утрово Министерството за внатрешни работи, 149 пешаци се казнети за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, а за време на контролата санкционирани се и 104 други видови на прекршоци.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, соопшти МВР. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан