• среда, 25 декември 2024

Изречени 133 санкции за брзо возење на територија на СВР Штип

Изречени 133 санкции за брзо возење на територија на СВР Штип
Скопје, 6 мај 2021 (МИА) - Санкционирани се 133 возачи во засилената акциска контрола што е спроведена денеска од 9:00 до 16:00 часот на подрачјето на СВР Штип, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од вкупно санкционираните 117 се прекршоци од возачи кои ја пречекориле брзината надвор од населено место и 16  во населено место. -Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.лв/вј/

Остани поврзан