• недела, 24 ноември 2024

Израел ќе се појави пред Меѓународниот суд на правдата во постапката покрената од Јужна Африка

Израел ќе се појави пред Меѓународниот суд на правдата во постапката покрената од Јужна Африка

Тел Авив, 2 јануари 2024 (МИА) - Израел „нема да ги бојкотира“ постапките покренати од Јужна Африка пред Меѓународниот суд на правдата (МКС), изјави советник за национална безбедност на израелскиот премиер, Цочи Ханегби, пренесува израелскиот информативен сајт Унет.

Израел е „долгогодишен потписник на Конвенцијата за геноцид“, изјави Ханегби за Унет.

„Ќе учествуваме и ќе го отфрлиме апсурдното обвинување“, додаде тој.

-Еврејскиот народ го доживеа геноцидот пожестоко од која било друга нација, изјави Ханегби, прецизирајќи дека „шест милиони луѓе брутално беа убиени“.

Ханегби ги опиша настаните од 7 октомври како „слична суровост“, додавајќи дека „овој пат имаме способност да се одбраниме од оние кои сакаат наше уништување“, пренесе Унет.

Јужна Африка во петокот поднесе тужба пред МКС во која го обвинува Израел за геноцид врз Палестинците во Газа. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан