• среда, 25 декември 2024

Израел: Јужна Африка го злоупотребува Меѓународниот суд на правдата во корист на Хамас

Израел: Јужна Африка го злоупотребува Меѓународниот суд на правдата во корист на Хамас

Ерусалим, 7 март 2024 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Израел ги обвини јужноафриканските власти за „злоупотреба“ на Меѓународниот суд на правдата за помош на палестинската милитантна група Хамас.

-Јужна Африка продолжува да дејствува како продолжена легална рака на Хамас во обид да го поткопа правото на Израел да се брани себеси и своите граѓани и да ги ослободи сите заложници, се вели во соопштението.

Се додава дека повторените барања на Јужна Африка за привремени мерки до судот претставуваат „уште една цинична злоупотреба на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кој веќе двапати ги отфрли неоснованите обиди да му го ускрати правото на Израел на самоодбрана.

Јужноафриканските власти се уште не одговориле на обвинувањата на Израел.

На почетокот на годината, Јужна Африка побара од Меѓународниот суд на правдата да го прогласи Израел за виновен за геноцид во Газа и да и нареди на земјата да ја прекине воената офанзива во палестинската енклава.

Судот, наместо тоа, нареди дека Израел мора да стори сé за да ги спречи „актите на геноцид“, поради што Јужна Африка сега бара од највисокиот суд на Обединетите нации да преземе дополнителни мерки против Израел, тврдејќи дека Израел ги прекршил мерките што веќе се во сила. 

Во своето писмо до МСП, Јужна Африка вчера предупреди дека Палестинците во Појасот Газа се соочуваат со глад и побара од судот да нареди прекин на непријателствата и ослободување на сите заложници и затвореници. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан