• четврток, 09 јануари 2025

Израел ја демантира веста за евентуално примирје со Хамас

Израел ја демантира веста за евентуално примирје со Хамас

Тел Авив, 8 јануари 2025 (МИА) – Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги демантира наводите на либанските медиуми дека во тек се преговори за евентуално примирје во траење од шест до осум недели, при што Израел би добил список со живите заложници.

Кабинетот на Нетанјаху веста за преговорите ја оцени како „целосна лага“ и „дел од психолошката војна“ на Хамас против израелските семејства на заложниците и граѓаните.

Според либанските медиуми блиски до Хезболах, во преговорите за евентуалното примирје се разгледува можноста и Хамас да ги ослободи заложниците и да достави список на загинатите заложници доколку се познати локациите каде се наоѓаат нивните тела. Исто така, се преговара и за зголемување на хуманитарната помош за Појасот Газа и обнова на здравствениот систем.

- Израел неуморно ќе работи на враќање на сите заложници дома, се наведува во соопштението од Кабинетот на Нетанјаху. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан