• среда, 25 декември 2024

Израел ја бомбардира централна Газа додека тенковите се подлабоко навлегуваат во Рафа

Израел ја бомбардира централна Газа додека тенковите се подлабоко навлегуваат во Рафа

Ерусалим, 18 јули 2024 (МИА) - Израелските сили денеска ги бомбардираа историските бегалски кампови во централниот дел на Појасот Газа и го погодија градот Газа на север, при што загинаа најмалку 13 луѓе, а тенковите навлегоа подлабоко во Рафа во јужната палестинска енклава, соопштија здравствените власти.

Во израелски воздушен напад загинаа шест лица во градот Завеида во централна Газа, а две лица загинаа кога беше погодена куќа во кампот Буреиџ. Во израелски воздушен напад загинаа три лица во автомобил во Деир ал Бала, град полн со луѓе раселени од другите делови на Газа, соопштија здравствените власти.

Во северниот град Газа, медицинските лица соопштија дека двајца Палестинци биле убиени во друг воздушен напад.

Во соопштението на израелската војска се вели дека нејзините сили убиле двајца високи команданти на Исламски џихад во два воздушни напади во градот Газа, вклучително и еден за кој рече дека бил вклучен во нападот на 7 октомври во јужен Израел што ја предизвика војната во Газа. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан