• вторник, 24 декември 2024

Израел учествува во воена вежба заедно со Саудиска Арабија и со Оман

Израел учествува во воена вежба заедно со Саудиска Арабија и со Оман
Тел Авив, 2 февруари 2022 (МИА) - Израел учествува во голема поморска вежба предводена од САД на Блискиот Исток. Израел првпат јавно им се приклучи на Саудиска Арабија и на Оман, земји со кои нема дипломатски односи и покрај нормализацијата на односите со некои земји од Персискиот Залив. Во Меѓународната поморска вежба 2022 (ИМХ 22), што се одржува седма година, учествуваат околу 60 земји.  Поморската вежба ИМХ 22 почна на 31 јануари од базата на Петтата флота на САД во Бахреин и се одвива во Персиски залив, Арапско Море, Омански Залив, Црвено Море и Северен Индиски Океан. Израел првпат учествува во вежбата ИМХ 22, заедно со Саудиска Арабија, со која нема дипломатски врски, додека Кувајт и Катар, кои исто така немаат формални односи со Израел, според американската морнарица, не учествуваат. Израел во 2020 година ги нормализираше односите со државите од Персиски Залив, Обединети Арапски Емирати и Бахреин, а во ноември 2021 година одржаа заеднички поморски вежби. ми/

Остани поврзан