• среда, 25 декември 2024

Израел потврди дека е убиен Хашем Сафиедин, очекуваниот наследник на лидерот на Хезболах

Израел потврди дека е убиен Хашем Сафиедин, очекуваниот наследник на лидерот на Хезболах

Ерусалим, 23 октомври 2024 (МИА) - Израелската армија синоќа потврди дека е убиен Хашем Сафиедин, очекуваниот наследник на лидерот на Хезболах, Хасан Насралах.

Според армискиот извештај, тој бил убиен во воздушен напад врз Бејрут на почетокот на октомври.

„Сега можеме да потврдиме дека Хашем Сафиедин, водачот на Извршниот совет на терористичката организација Хезболах, е убиен во напад пред околу три недели“ во јужните предградија на Бејрут, објави армијата.

Водачот на Хезболах, Хасан Насралах беше убиен кон крајот на септември во израелски воздушен напад врз подземниот штаб на Хезболах во јужното предградие Дахија во Бејрут. паг/

Фото: ЕПА
 

 

 

Остани поврзан