• среда, 27 ноември 2024

Израел потврди дека вчера во Појасот Газа влегле 114 камиони со хуманитарна помош

Израел потврди дека вчера во Појасот Газа влегле 114 камиони со хуманитарна помош

Тел Авив, 21 октомври 2024 (МИА) - Израелското владино тело кое ја надгледува хуманитарната помош (COGAT) денеска соопшти дека 114 камиони со хуманитарна помош влегле во Газа во неделата преку граничните премини Керем Шалом и Ерез.

COGAT објави на платформата X дека хуманитарната помош, транспортирана со 21 камион, била собрана од меѓународни организации во Газа, објави Ал Џезира.

Во Газа влегоа и осум цистерни со гориво и шест цистерни со гас за готвење, додека два танкера со гориво беа наменети за „хуманитарни цели во северна Газа“.

Хуманитарните експерти и групи веќе подолго време предупредуваат дека ограничената количина на помош што доаѓа во Газа не е доволно.

Пред почетокот на војната, во Појасот Газа секој ден влегуваа во просек по 500 камиони со помош и друга стока.

Минатата недела највисоките американски функционери го предупредија Израел дека американската влада може да биде принудена да ја прекине помошта за земјата доколку Израел не преземе „итна и постојана акција“ за да дозволи повеќе хуманитарна помош да стигне до Газа.

Активистите за човекови права и правни експерти во исто време ги повикаа САД да го почитуваат законот и веднаш да ја прекинат помошта за Израел. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан