• вторник, 24 декември 2024

Израел официјално ја отвори својата амбасада во Бахреин, три години по нормализирањето на односите

Израел официјално ја отвори својата амбасада во Бахреин, три години по нормализирањето на односите

Манама, 4 септември 2023 (МИА) - Израел денеска официјално отвори претставништво во Бахреин, три години откако двете земји ги нормализираа односите, објавија британските медиуми.

На официјалното отворање на дипломатската мисија присуствуваше израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен. Тој е во посета на Бахреин со делегација од бизнисмени и владини претставници.

-Се договоривме со министерот за надворешни работи на Бахреин дека треба да работиме заедно на зголемување на бројот на директни летови, туризмот, обемот на трговијата и инвестициите, рече Коен за време на церемонијата.

Бахреинскиот министер за надворешни работи Абдулатиф бин Рашид ал Зајани рече дека отворањето на амбасадата е „доказ за нашата заедничка посветеност на безбедноста и просперитетот на сите народи во нашиот регион“.

Договорот за нормализирање на односите меѓу Бахреин и Израел е дел од серијата договори познати како Абрахамски договори, кои беа потпишани и со Обединетите Арапски Емирати, Мароко и Судан. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан