• среда, 13 ноември 2024

Израел нема да дозволи сателитскиот систем Старлинк на Маск да се користи во Газа

Израел нема да дозволи сателитскиот систем Старлинк на Маск да се користи во Газа

Ерусалим, 29 октомври 2023 (МИА) - Израел соопшти дека нема да дозволи користење на сателитскиот комуникациски систем Старлинк во Газа, откако милијардерот Илон Маск даде таков предлог, јави ДПА.

Маск рече дека сателитскиот комуникациски систем Старлинк на Спејс Икс може да помогне во обновувањето на комуникациската мрежа на Газа, која е нарушена од израелските бомбардирања.

-Хамас ќе го користи за терористички активности. Можеби Маск би сакал да го поврзе со ослободување на нашите киднапирани бебиња, синови, ќерки, постари лица, рече израелскиот министер за комуникации Шломо Кархи во објава на платформата „X“. 

Маск нагласи дека системот за сателитски комуникации ќе помогне да се обноват нарушените комуникации за меѓународно признатите хуманитарни организации кои работат во Газа, каде што комуникациите беа прекинати откако Израел ја прошири својата копнена офанзива во тесниот појас во петокот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан