• среда, 27 ноември 2024

Израел негираше дека шефот на дипломатијата предложил преместување на Палестинците на вештачки остров

Израел негираше дека шефот на дипломатијата предложил преместување на Палестинците на вештачки остров

Брисел, 22 јануари 2024 (МИА) – Министерството за надворешни работи на Израел го демантираше извештајот на британски Гардијан дека израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац денеска им предложил на колегите во ЕУ Палестинците привремено да се преселат на вештачки остров во Средоземното Море.

- Тој никогаш не кажал такво нешто и не постои таков план, соопшти министерството за израелските медиуми.

Кац им презентирал на министрите план за изградба на пристаниште за Газа на вештачки остров за контрола на влезната стока, што тој го предложи уште во 2017 година, кога беше министер за транспорт.

Според портпаролот на министерството, Кац зборувал и за живеење на островот, но не спомнал ништо за раселувањето на Палестинците таму.

Претходно „Гардијан“, повикувајќи се на дипломатски извори, јави дека говорот на израелскиот министер предизвикал збунетост и оти некои го протолкувале како сугестија дека Палестинците би можеле да се населат на вештачки остров како дел од мировната спогодба за која се разговарало во Брисел.

Покрај тоа, дополнително е објавена и изјава на палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики во која тој го отфрла тој предлог. јт/

Фото: Интернет

Остани поврзан