• среда, 27 ноември 2024

Израел наложи обврзно носење на заштитни маски

Израел наложи обврзно носење на заштитни маски
Премиерот Бенјамин Нетанјаху порача оваа година семејните собирања да бидат помали и ограничени само на оние кои живеат заедно во домот.
Тој уште минатата недела ги повика Израелците да носат заштитни маски на отворено, а со денешната владина одлука оваа мерка ќе биде обврзна. Исклучоци ќе бидат децата, лицата со психички нарушувања, оние кои се сами во просториите или на работните места. Владата посочи и дека маските можат да бидат домашна изработка.
Од вечерва до петок наутро е забрането непотребно напуштање на градовите, со што ќе се спречат поголеми собири на семејствата по повод претстојниот празник.
Во Израел се потврдени над 9.000 заразени случаи со коронавирусот и 60 починати лица. гт/

Остани поврзан