• среда, 13 ноември 2024

Израел и Бахреин потпишаа Договор за безбедност и соработка

Израел и Бахреин потпишаа Договор за безбедност и соработка
Манама, 3 февруари 2022 (МИА) - Израел и Бахреин потпишаа договор за безбедност и соработка. Тоа е прв таков договор што Израел го потпишал со еден од своите нови сојузници помеѓу земјите од Персиски Залив. - Потпишаниот меморандум ќе воспостави рамка за соработка на разузнавачките агенции и индустриските компании, изјави израелскиот министер за одбрана Бени Ганц. Тој додаде дека една година по потпишувањето на Договорот на Абрахам постигнат е уште еден важен одбранбен договор, што ќе придонесе за безбедноста на двете земји и за стабилност на регионот. Ганц по средбата со министерот за одбрана на Бахреин, Абдула бин Хасан ал Нуајми, се сретна и со кралот Хамад бин Иса ал Калиф. Израелскиот министер го посети и седиштето на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин. - Во позадина на растечките поморски и воздушни закани, нашата цврста соработка е поважна од кога било, напиша Ганц на Твитер по посетата на поморската база. Во Бахреин е лоциран ЦЕНТЦОМ – заедничка воена команда на американското Министерство за одбрана на Блискиот Исток. ми/

Остани поврзан